ТВ-СЕРИЈАТА „ГОСПОДАР НА ПРСТЕНИТЕ“ ЌЕ БИДЕ ПОСКАПА ОД „ИГРА НА ТРОНОВИ“

Велингтон, (Индипендент)

Првата сезона на ТВ-серијата „Господар на прстените“ ќе чини околу 465 милиони долари и со тоа ќе биде една од најскапите продукции во историјата. „Амазон“ ги откупи правата за франшизата на Толкин во 2017 и беше најавено дека ќе плати околу 500 милиони долари за повеќе сезони.

„Можам само да ви кажам дека ‘Амазон’ ќе потроши 465 милиони долари само за првата сезона. Тоа е фантастично. Тоа ќе биде најголемата телевизиска серија некогаш снимена“, изјави Стјуарт Неш, министерот за економски развој и туризам на Нов Зеланд.

Според документите кои ги објави владината служба, студиото планира да снима пет сезони од „Господар на прстените“, плус спиноф серии.

За споредба, една сезона на „Игра на тронови“ на „Ејч-Би-О“ чинеше околу 100 милиони. Една епизода во почетокот имаше буџет од шест милиони долари, за да стигне до 15 милиони во осмата сезона.