ПО 22 ГОДИНИ ЌЕ СЕ СНИМА НОВА ВЕРЗИЈА НА СЕРИЈАТА „БАФИ УБИЕЦ НА ВАМПИРИ“

Лос Анџелес, (Дедлајн)

Сара Мишел Гелар (фото) треба да се врати во насловната улога во новата верзија на серијата „Бафи убиец на вампири“, која е во подготовка. Пилот-епизодата ќе ја режира оскаровката Клое Жао, која важи за голема обожавателка на серијата.

Сајтот „Дедлајн“ објави дека пилот-епизодата е нарачана од стриминг платформата „Хулу“, а извршна продуцентка ќе биде легендарната пејачка Доли Партон, чија продукциска компанија „Сандолар“ ја создаде оригиналната серија.

Засега не е потврдено дали би се вратил уште некој актер од оригиналната серија, чиј креатор Џос Ведон не е вклучен во новиот проект откако пред три години беше обвинет за серија случаи на недолично однесување на филмски сетови.

„Бафи убиец на вампири“ се емитуваше од 1997 до 2003, а потоа излегоа и пет сезони на спиноф серијата „Ангел“.