КРЕАТОРОТ НА „СЛЕДОРЕД“ ЈА ОТФРЛИ МОЖНОСТА ЗА ПРАВЕЊЕ СПИНОФ СЕРИИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Креаторот на „Следоред“ (Succession), Џеси Армстронг, ја отфрли можноста за снимање спинофи на хит-серијата на Ејч-Би-О, која неодамна освои седум награди Еми за последната четврта сезона. Иако тие претходно беа најавени, Армстронг сега вели дека не е заинтересиран за тоа.

Јас и мојот тим сценаристи доста пишувавме за ликовите“, изјави Армстронг.

На оваа опција се осврна и британскиот актер Метју Мекфејден, кој на последното доделување на Еми доби награда за најдобра споредна улога.

Никогаш не вели никогаш, но е многу малку веројатно. Сѐ ќе зависи од тоа што Џеси Армстронг сака да направи. Но, инстинктот на Џеси, а и на сите нас е дека заврши како што треба. Иако би било убаво сите повторно да работиме заедно, идејата за спиноф ми изгледа чудна“, кажа Мекфејден.

Серијата ги следи пресвртите во животите на медиумскиот могул Логан Рој (Брајан Кокс) и неговите четири деца и има освоено 81 награда. 

Армстронг вели дека не знае што ќе прави следно.

Имам неколку идеи, но тие се во фаза кога воопшто не сум работел на нив“.

(Фото: Гети)