Серијата „Подобро повикај го Сол“, приквел на „На лош пат“ (Breaking Bad), ќе заврши со шестата сезона, чии 13 епизоди ќе се емитуваат во 2021 година.

Претстојната петта сезона ќе има премиера на 23/24 февруари и ќе има десет епизоди. Таа ќе се фокусира на одлуката на главниот лик Џими Мекгил (Боб Оденкирк) да студира право како Сол Гудмен.

„Подобро повикај го Сол“ досега доби 32 номинации за Еми и три за Златен глобус. Креирана исто така од Винс Гилиген, таа почна да се прикажува во 2015, две години по завршувањето на „На лош пат“ и ја следеа одлични критики.