РИК И МОРТИ ДОБИЈА НОВИ ГЛАСОВИ ВО СЕДМАТА СЕЗОНА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Излезе новата, седма сезона на анимираната серија „Рик и Морти“, со што завршија шпекулациите кој ќе ги позајмува гласовите на насловните ликови. Досега ист актер беше гласот на научникот Рик и неговиот внук Морти, но Џастин Роиланд, кој е еден од креаторите на серијата, беше отпуштен откако беше обвинет за домашно насилство.

Фановите не знаеја чии се гласовите откако минатиот месец беше објавен трејлер за новата сезона и сега се дозна дека станува збор за малку познатите Ијан Кардони (Рик) и Хари Белден (Морти). Како гостин во првата епизода се појави Хју Џекмен.

Иако Роиланд подоцна беше ослободен од обвиненијата, креаторите на серијата одлучија да направат промена во кастингот, внимавајќи да не се направи големо нарушување во искуството на фановите. На аудицијата за двете улоги, која траела шест месеци, се пријавиле илјадници луѓе, кажаа од продукцијата.