СЕРИЈАТА „РОЗЕН“ ЌЕ ПРОДОЛЖИ БЕЗ РОЗЕН БАР КАКО „КОНЕРОВИ“

Лос Анџелес, (АФП)

Телевизиската мрежа Еј-Би-Си објави дека ќе продолжи со емитување на ТВ-серијата „Розен“, но без главната ѕвезда, комичарката Розен Бар и со ново име.

Бар во мај напиша на Твитер дека Валери Џерет, советничка на Барак Обама, е дете на Муслиманско братство и на филмот „Планета на мајмуните“, по што нејзината серија беше укината по само една сезона.

Голем дел од актерите, како Џон Гудмен, Лори Меткалф и Сара Гилберт, ќе ги повторат своите улоги во новата сезона од десет епизоди, чиј работен наслов е „Конерови“. Премиерата ќе биде есенва, како што беше првично планирано.

„Розен“ првично се емитуваше од 1988 до 1997 година и во март имаше толку успешен камбек, што и Доналд Трамп лично ѝ се јави на Бар за да ѝ честита.

Шеесет и петгодишната актерка, која е гласен поддржувач на Трамп, немаше финансиска или креативна поврзаност со шоуто, соопшти мрежата.