СЕРИЈАТА „ТЕД ЛАСО“ ЌЕ ДОБИЕ ЧЕТВРТА СЕЗОНА

Лондон, (Би-Би-Си)

Наградуваната серија „Тед Ласо“ се враќа на телевизија со четврта сезона, објави стриминг платформата „Епл+“.

Главната ѕвезда Џејсон Судеикис повторно ќе го глуми тренерот на измислениот англиски фудбалски клуб Ричмонд, иако во третата сезона се враќа во САД. Други глумци не се потврдени.

„Додека продолжуваме да живееме во свет каде што толку многу фактори нѐ условуваат да погледнеме пред да скокнеме, во четвртата сезона луѓето од АФЦ Ричмонд учат да скокаат пред да погледнат, откривајќи дека каде и да слетаат е токму таму каде што треба да бидат“, напиша Судеикис на Икс.

„Тед Ласо“ имаше премиера во 2020 и доби 13 награди Еми за првите три сезони, кои имаа вкупно 36 епизоди. „Епл+“ нема објавено кога ќе се емитува новата сезона.

(Фото: Епл+)