Британскиот актер Шон Бин откри дека е снимена специјална епизода на „Игра на тронови“ со сите поранешни и сегашни членови на актерската екипа.

Глумецот кој го играше Нед Старк во првата сезона кажа дека таа епизода била снимена во Белфаст на почетокот на годината.

„Тоа беше последната епизода и сите се собравме. Продуцентите одлучија да ги спојат сите ликови за тоа големо шоу во Белфаст, а водител на вечерта беше Конан О’Браен“, изјави Бин за „Холивуд рипортер“.

Ејч-Би-О сѐ уште го нема откриено датумот на премиерата на осмата и последна сезона на ултрапопуларната ТВ-серија.