ТРЕТАТА И ПОСЛЕДНА СЕЗОНА НА „ТЕМНИНА“ ДОАЃА НА „НЕТФЛИКС“ ВО ЈУНИ

Њујорк, (НМЕ)

„Нетфликс“ објави трејлер за третата сезона на хит серијата „Темнина“ (Dark), потврдувајќи дека новите епизоди ќе бидат објавени на 27 јуни. Исто така, претстојната сезона ќе биде последно поглавје од серијата.

„Ќе понудиме одговори на прашањата што беа поставувани од нашите гледачи и ќе помогнеме да се отплетка оваа приказна низ времето“, најавија креаторите на серијата Јантје Фризе и Баран бо Одар.

Dark“, која имаше премиера во 2017 година, беше првата оригинална серија на „Нетфликс“ на германски јазик, но и покрај тоа, стана голем хит дури и во САД и Велика Британија.