Во тетовското село Вратница се снима турската ТВ-серија “Бел крин“, објави селото на социјалните мрежи. Во селото е дојдена бројната екипа од актери, сниматели и друг технички персонал и веќе десетина денови снимаат сцени на неколку локации во селото и околината.
„Се снима турската ТВ-серија ‘Бел крин’. Се снимаше на повеќе локации низ Вратница и околината, а вчера неколку сцени се снимаа и во маалото Степановци“, вели фејсбук објавата на село Вратница.
Во Вратница, покрај голем број модерни и новоизградени станбени објекти, уште можат да се најдат куќи стари по 80, па и над сто години кои најверојатно биле соодветни за снимање на оваа турска ТВ-серија.
З. АНДОНОВ
Фото: „Вратница јунајтед“