Втората сезона на обновената серија „Сексот и градот“ ќе има премиера на стриминг сервисот „Ејч-Би-О макс“ во јуни.
„Втората сезона на ‘И едноставно така…‘ е подготвена“, објави ТВ-мрежата Ејч-Би-О, додавајќи дека првата сезона го имала најдоброто деби од сите серии на нејзината стриминг платформа.
Објавен е трејлер за втората сезона, без да се наведе точниот датум на премиерата. Затоа е познато дека Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис ќе ги повторат улогите на Кери, Миранда и Шарлот, а се враќа и ликот на Ејдан Шо, кого во оригиналната серија го глумеше Џон Корбет.