Холивудскиот актер Зак Ефрон на 2 август бил пренесен во болница на Ибица, Шпанија, откако „имал помал инцидент во вода“, изјави неговиот портпарол за Ти-Ем-Зи.
Триесет и шестгодишниот Ефрон бил извлечен од базенот во вилата на Ибица од две лица кои биле вработени во вилата.
Неговиот портпарол изјави дека глумецот по престојот в болница е во добра состојба.
Ефрон неодамна пристигна во Европа за да го поддржи тимот на САД на Олимпијадата во Париз.
Фото: Гети