Деца и возрасни го наполнија скопскиот Градски парк на настанот „Крени глас против врсничко насилство“ како дел од кампањата која „Макпетрол“ ја организира со цел да се зголеми јавната свест за проблемот со булингот.
Една од пораките која беше најважна на настанот е „Зборовоте можат да охрабрат“, како продолжение на претходната порака од кампањата „Зборовите можат да повредат“.

„Зборовите можат да повредат, но можат и да помогнат. Тие можат да бидат искористени како оружје, но можат да бидат искористени и како штит. Наместо за навредливи напади и потсмевања, користи ги зборовите за поддршка и заштита на твоите врсници“, е дел од пораките од кампањата.
Децата уживаа во забавните и едукативни игри и учеа дека секој заслужува убав збор. Настапија Боно, Пајак и Лара, Петко, Сашко Коцев, како и децата од актерската школа на Весна Петрушевска.

Изминатиов период актуелни беа ваквите средби наменети за родителите, кои беа организирани на 15 локации и опфатија повеќето од 26 општини што се приклучија на кампањата.
Во првата фаза од кампањата беа организирани работилници за ученици во повеќе од 150 основни училишта во 26 општини.
.