Сопственикот на радио „Буба мара“, Ранко Петровиќ вели дека годинешново издание на шоуто „Златна бубамара на популарноста ќе тра 3 часа и 10 минути.
„Минатата година, траеше четири часа и пет минути, годинава ќе скратиме за еден час, ќе трае како еден добар филм на Спилберг“, вели низ насмевка Петровиќ кој е и сценарист на шоуто.
Манифестацијата ќе се одржи на 19 февруари 2025, во салата „Борис Трајковски“.
„Најпопуларната манифестација на домашната сцена нестрпливо ги очекува сите заинтересирани на своето следно 28. издание, закажано на 19 февруари во арената ‘Борис Трајковски’. Под мотото ‘Вештачка интелигенција за Владата, природна забава за народот’, и годинава ги обединуваме најинтересните и најзабавни изведувачи во најголемото шоу, создавано на внимателно набљудување на годината со многу хумор и со одлична музика“, велат од радио „Буба мара“, организаторот на шоуто и најавуваат околу 100 учесници од земјата и од регионот.
„Годинава размислуваме за вештачка интелигенција и се смееме на природната глупост заедно“, велат од радио „Буба мара“.
М. ЏАРОВСКА