Манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ ќе се одржи на 20 февруари во салата „Борис Трајковски“, објави радио „Буба мара“.
Ова ќе биде 28. издание на популарното шоу кое секоја година ги наградува најпопуларните македонски и балкански музичари, уметници и спортисти. Традиционално, „Бубамара“ смисли и нов слоган: „Микрофонот е наш, бананата е државна“.
Драган Мијалковски, Жељко Самарџиќ, Рамбо Амадеус, Врчак, Кире Лазаров, Тамара Тодевска, Андријана Јаневска и многу други беа меѓу гостите и наградените на овогодинешното издание, на кое се појави и долгогодишниот водител Сашко Коцев (фото).
Фото: К. Попов