ЅВЕЗДИТЕ НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“ РОУЗ ЛЕСЛИ И КИТ ХАРИНГТОН ДОБИЈА СИН

Лондон, (АП)

Ѕвездите на „Игра на тронови“ Роуз Лесли и Кит Харингтон станаа родители на машко бебе.

Веста ја потврди публицистката на Харингтон, Маријана Шафран, која кажа дека „двојката е многу, многу среќна“, но не откри други детали. Ова е прво дете за 34-годишната шкотска актерка и Харингтон (34), кои се венчаа во 2018.

Актерите кои се прославија со улогите на Џон Сноу и Игрит ја почнаа врската уште во 2012, но официјално го потврдија тоа дури во 2016. Тие во септември објавија дека чекаат дете.