ЅВЕЗДИТЕ НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“ РОУЗ ЛЕСЛИ И КИТ ХАРИНГТОН ГО ЧЕКААТ ПРВОТО ДЕТЕ

Лондон, (Пипл)

Ѕвездите на „Игра на тронови“ Кит Харингтон и Роуз Лесли го чекаат нивното прво дете. Триесет и тригодишната актерка потврди дека е бремена со фотографиите направени за интервјуто за британското издание на списанието „Мејк“.

Актерите кои се прославија со улогите на Џон Сноу и Игрит ја почнале врската уште во 2012, но официјално го потврдија тоа дури во април 2016. Се свршија следната година, а се венчаа лани во Шкотска.

Лесли во интервјуто открива дека неодамна купиле многу стара куќа во англиско село и дека уживаат во тишината, зеленилото и птиците.