Легендарниот реге бенд „Инер сркл“ ќе одржи концерт на платото пред Младински културен центар на 29 јуни, како дел од 20. издание на фестивалот „Таксират“.
Ова ќе биде прво гостување на јамајканските ветерани во Македонија, која беше вклучена во програмата на нивната светска турнеја, со којашто одбележуваат половина век од постоењето на групата.
Формирани во 1968 година, „Инер сркл“ се активни точно пет децении, со мали прекини во 80-ите години, по смртта на оригиналниот пејач Џејкоб Милер, кој загина во сообраќајна несреќа во 1980 година.
Концертот ќе биде поддржан од компанијата „Пакомак“, па како влезница ќе се користи едно празно пластично или стаклено шише.
Бендот има речиси непроменета постава откако продолжи со работа во 1986 година, од кои браќата Јан и Роџер Луис имаат 50-годишно членство.