СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ ЗА ИМЕТО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Три дена по неговото потпишување на грчката страна од Преспанското Езеро, и Собранието го ратификуваше договорот со Грција, со кој по 27 години треба да се стави крај на спорот за името.

  • 69 пратеници гласаа за ратификување на договорот со Грција.
  • Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотираа расправата и гласањето за договорот.
  • Премиерот Зоран Заев побара од пратениците да гласаат за договорот, со цел да му се даде шанса на решавањето на речиси тридеценискиот спор.
  • „Ова е достоинствено и прифатливо решение за двете страни. Никому ништо не сме подариле. Овој договор нѐ извлекува од минатото и нѐ носи во иднината“, кажа Заев.
  • Според договорот, името на државата ќе биде Република Северна Македонија, а се зачувуваат термини македонски јазик и македонски народ.
  • Тој беше потпишан во неделата во Нивици, од министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас.
  • Македонија сега очекува да добие датум за почеток на преговори за влез во ЕУ (28 јуни) и покана за членство во НАТО (12 јули).
  • Министерството за надворешни работи испрати нота до Грција, со која ја извести дека Собранието го ратификувало договорот.