ЗА ПРИЈАТЕЛИТЕ, ЗА ДРУЖБИТЕ… ЗА НАС! – НОВ ТВ СПОТ НА СКОПСКО

Скопје, (Смарт СДК)

Скопско, како водечки пивски бренд во Македонија, уште од своите почетоци верува дека она што е најважно во животот е токму времето поминато со луѓето што ни се блиски.

„Муабетите и приказните што ги споделуваме, насмевките и спомените што заедно ги создаваме, здравиците што не поврзуваат и кога сме највесели и кога ни е најтешко. Тоа е она што го прави животот вреден да се живее. Да седнеме, да си раскажеме, да наздравиме. За нас! Зошто, што е животот без да се имаме?“, е пораката на новиот ТВ спот на Скопско.