ЕД ШИРАН НАПРАВИ СВОЈА ГЛАВА ОД ЛЕГО КОЦКИ, ПА ЈА ДОНИРАШЕ

Лондон, (Би-Би-Си)

Британскиот пејач Ед Ширан донираше фигура од неговата глава направена од Лего коцки, која сам ја составил, на добротворна организација во неговиот роден град Фраминглам.

Вработените во медицинската установа „Сент Елизабет“ рекоа дека добиле „неверојатна донација“ од Ширан, во која имало и музички систем, грамофон, скејтборд, слушалки, училишни книги и сувенири.

„Одлично е што добивме и џемпери и кошули што ги носи на настапите, но неверојатно е што добивме и реплика од неговата глава, направена од него“, изјави портпаролката на организацијата.

Оттаму размислуваат што да прават со главата од Лего, но рекоа дека ќе ја изложат, пред да ја дадат на аукција.