Холивудската ѕвезда Крис Прат е во врска со Кетрин Шварценегер, најстарата ќерка на Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер.
„Најинтересно е што Крис и Кетрин ги запозна нејзината мајка, Марија“, вели изворот на „Пипл“.
Ѕвездата на блокбастери како „Одмаздници“, „Чувари на галаксијата“ и „Светот Јура“, лани во август, по десет години брак, се разведе од глумицата Ана Фарис, со која го имаат петгодишниот син Џек.
Дваесет и осумгодишната Кетрин, која е потомок на Џон Кенеди, работи како дизајнерка и стилистка.