„Нетфликс“ ќе снима австриски крими трилер со наслов „Фројд”, во кој славниот психоаналитичар ќе биде портретиран како млад човек, кој ги користи своите пионерски идеи за пронаоѓање на сериски убиец во Виена во 19. век.
Компанијата се здружи со австрискиот радиотелевизиски сервис ОРФ за да ја сними серијата од осум епизоди.
Серијата ќе го прикаже Зигмунд Фројд како млад човек, кој соработува со Флер Салом, кој комуницира со мртви и со полицискиот инспектор Кис.
„Фројд“ ќе ја режира Марвин Крен, кој ја работеше популарната драма „4 блокови“, а сценариото ќе го работат Штефан Брунер и Бенџамин Хеслер.
Кастингот сѐ уште не е објавен, но се најавува дека снимањето ќе почне наесен.