МИШЕЛ ВИЛИЈАМС ТАЈНО СЕ ОМАЖИ ДЕСЕТ ГОДИНИ ПО СМРТТА НА ХИТ ЛЕЏЕР

Лос Анџелес, (Дејли мејл)

Американската актерка Мишел Вилијамс ги изненади фановите, откривајќи дека тајно се омажила за музичарот Фил Елверум, десет години по смртта на нејзиното момче Хит Леџер, со кој има ќерка.

Ова е прв брак за 37-годишната Вилијамс, на чија венчавка во планините Адирондак присуствувале само неколку пријатели, кажа таа за „Венити фер“.

Мишел Вилијамс со 13-годишната ќерка Матилда од врската со Хит Леџер

„Мојата врска со Фил е многу посебна и света. Никогаш не сум се откажала од љубовта. Секогаш ѝ кажувам на Матилда дека нејзиниот татко ме сакаше пред кој било да мисли дека сум талентирана или убава“, изјави Вилијамс.

Иако голема филмска ѕвезда со четири номинации за Оскар, Вилијамс ретко зборува за својот приватен живот, што се однесува и на тригодишната врска со колегата Хит Леџер.

Тие се запознаа на снимањето на филмот „Скршенгрб планина“ и во 2005 година ја добија ќерката Матилда. Се разделија во септември 2007, четири месеци пред смртта на Леџер.

И животот на Елверум е обележан со трагедија, откако неговата прва сопруга, канадската музичарка Женевјев Кастре, со која беше во брак 13 години, почина од рак пред две години.