ТОМ ХАРДИ ЌЕ СЕ ВРАТИ КАКО ВЕНОМ ВО 2020

Лос Анџелес, (Вараети)
Venom (2018)

По неочекувано големиот успех на првиот филм, студиото „Сони“ потврди дека го подготвува продолжението на „Веном“, во кое Том Харди ќе ги повтори улогите на Еди Брок и на вонземскиот симбиот, кој го обзема неговото тело.

Автор на сценариото повторно ќе биде Кели Марсел, но ќе мора да се бара нов режисер, бидејќи Рубен Флајшер ќе биде зафатен со друг ангажман. Продолжението, кое сè уште нема име, ќе излезе во 2020 година.

Покрај Харди, се враќа и Мишел Вилијамс, додека нов непријател на Веном ќе биде Карниџ (Вуди Харелсон).

„Веном“ беше огромен хит за „Сони“, заработувајќи 855 милиони долари на светско ниво, со што оствари подобар успех од новите изданија на „Војна на ѕвездите“ и „Чувари на галаксијата“.