Актерската постава на „Чувари на галаксијата“ повика на враќање на режисерот Џејмс Ган, откако тој беше отпуштен пред неколку недели поради стари твитови со навредливи содржини.
Главните ѕвезди Крис Прат, Бредли Купер, Зои Салдана и Вин Дизел објавија писмо на поддршка на Ган, истакнувајќи дека биле шокирани од одлуката да му се врачи отказ пред десетина дена.
Компанијата „Дизни“ објави дека Ган нема да го режира третиот дел, кој ќе излезе во 2020 година, откако во јавноста излегоа негови твитови од 2008-11 година, во коишто се шегува на теми како педофилија и силување.
Актерите објавија долго писмо, во кое му изразија љубов, поддршка и благодарност на Ган.
„Секој од нас повторно сака да работи со Џејмс во иднина. Тој веројатно не е последната добра личност на која ѝ се суди. Имајќи ги предвид политичките поделби во државата, сигурно е да се каже дека вакви линчувања ќе продолжат“, се вели во писмото, додека Прат на свој Инстаграм напиша:
„Иако не ги поддржувам невкусните шеги на Ган од минатото, тој е добар човек“.