ФЕЈСБУК ЌЕ МУ КОНКУРИРА НА ЈУТЈУБ СО ВИДЕОСЕРВИСОТ ВОЧ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Фејсбук на светско ниво го пушти во употреба својот видеосервис Воч, една година откако тој дебитираше во САД.

Корисниците преку него ќе имаат можност да гледаат широк избор на емисии, како од реномирани брендови, така и од нови имиња на пазарот, но и клипови зачувани од својот њузфид.

Фејсбук ќе им овозможи на креаторите на содржини да имаат и контролирани паузи за реклами, при што тие ќе добиваат 55% од приходите.

Многумина го гледаат Воч како конкуренција на Јутјуб, но тој ќе се бори за публика и со традиционални ТВ-канали и онлајн сервиси, како „Нетфликс“, „Амазон видео“ и „Би-Би-Си ајплеер“.

Неколку познати имиња ќе бидат вклучени во платформата со оригинална содржина, како Џеда Пинкет-Смит, Елизабет Олсен и Бер Грилс, кој тука почнува ново шоу насловено „Соочи се со дивината“.

Корисниците од Индија преку Воч ќе можат да гледаат и натпревари од шпанското фудбалско првенство.