РОБЕРТ ДАУНИ ЏУНИОР РЕСТАВРИРАЛ „КАМАРО“ ОД 1967 СПЕЦИЈАЛНО ЗА КРИС ЕВАНС

Лос Анџелес, (Синемабленд)

Актерот Роберт Дауни Џуниор, познат како страствен колекционер на коли, му подари на колегата Крис Еванс специјално дизајнирано „камаро“ од 1967 година со 750 коњски сили.

Дауни девет пати го играше Тони Старк, а познато е дека неговото алтер-его Ајронмен во филмовите вози луксузни коли.

Знакот на Капетан Америка е поставен на свирката на воланот

Дизајнот на колата е инспириран од ликот кој Крис Еванс го игра од 2011 година, Капетан Америка.

„Ние направивме три коли за Роберт. Оваа, всушност, е првата и планот уште на почетокот беше да му ја подари на Крис“, изјави потпретседателот на „Спидкор“, Дејвид Славаџо, кој работел заедно со Дауни на реставрирањето на возилото.

Салваџо рече дека Дауни многу се вложил во реставрирањето, со одредена визија за тоа како треба да изгледа „камарото“ од посебна серија „Стив Роџерс“.