ДОАЃА НОВАТА „ПОЛИЦИСКА АКАДЕМИЈА“, ВЕЛИ СТИВ ГУТЕНБЕРГ

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Холивуд, можеби, подготвува ново продолжение на „Полициска академија“, една од најуспешните комични франшизи.

Ваквите шпекулации ги подгреа една од главните ѕвезди во серијалот Стив Гутенберг, одговорајќи му на еден фан на Твитер.

„Доаѓа новата ‘Полициска академија‘. Засега нема детали, но таа стои подготвена во торба за подароци“, напиша Гутенберг, популарниот наредник Махони.

Почнувајќи од 1984 година, досега се снимени седум делови, од кои последниот, што се случува во Москва, излезе во 1994.

Гутенберг глумеше во првите четири филма, а некои актери од култната постава се и починати, како Буба Смит (Мозес Хајтауер), Дејвид Граф (Таклбери) и Џорџ Гејнс (командирот Ласард).