ТОА БЕШЕ КАКО ДА ПРАВАМ МАГИИ, ВЕЛИ ТОМ ЈОРК ЗА МУЗИКАТА ОД ХОРОРОТ „СУСПИРИЈА“

Лондон, (АФП)
Thom Yorke of Radiohead at Grant Park during Lollapalooza Music Festival on July 29, 2016, in Chicago, Illinois (Photo by Daniel DeSlover/imageSPACE) *** Please Use Credit from Credit Field ***

Фронтменот на „Редиохед“, Том Јорк, го најави својот прв албум со филмска музика, што ја правеше за римејкот на култниот хорор од 1977 година, „Суспирија“.

Тој кажа дека албумот со 25 композиции и песни ќе излезе на 26 октомври, откако филмот, во режија на Италијанецот Лука Гвадањино, беше премиерно прикажан изминатиот викенд на Венецискиот фестивал.

Јорк вчера ја објави првата песна од албумот, насловена „Суспириум“, балада која доста потсетува на звукот на „Редиохед“. Соработници на албумот се Лондонскиот современ оркестар и хор, а синот на Јорк, Ноа, свири тапани на две песни.

Правејќи ја музиката за филмот, Јорк вели дека станал фасциниран од хипнотизирачката повторливост, карактеристична за филмската музика.

„Додека работев во студиото, како да правев магии. Тоа звучи доста глупаво, но така размислував за тоа. Тоа беше еден вид слобода што досега не сум ја имал. Многу сум горд со албумот што го направив“, вели Јорк, кој досега има издадено два соло албуми.