„БУБА“ НЕМА ДА СЕ ПРОИЗВЕДУВА ПО 2019 ГОДИНА

Берлин, (АФП)

„Фолксваген“ соопшти дека ќе заврши со производството на легендарната „буба“ кола во 2019 година.

Колите веќе нема да се произведуваат бидејќи компанијата сака да се фокусира на електричните коли и на возилата за поголеми семејства.

„Додека преминуваме кон линија на производство на семејни возила во САД и да ја подигнеме стратегијата за електрификација, немаме итни планови да ја замениме ’бубата‘. Но, би рекол, никогаш не вели никогаш“, изјави извршниот директор на „Фолксфаген Америка“, Хајнрих Вобкен.

„Губењето на ’буба‘ после три генерации, и речиси седум децении, ќе предизвика големи емоции кај посветените фанови на овој тип возило“, рече директорот.

„Фолксваген“ планира да понуди две финални серии на модели во двете верзии, купе и кабриолет. Тие ќе се продаваат од 23, 045 долари па нагоре.

Историјата на ’бубата‘ оди во времето на нацистите, кога била создадена од Фердинанд Порше, со поддршка на Адолф Хитлер, кој во 1937 година ја основал државната фирма „Фолксвагенверк“ или „Компанија за кола на народот“. По Втората светска војна, Сојузниците ја направија „Фолксваген“ приоритет во обид да ја заживеат германската автомобилска индустрија.