ПО ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОБНОВЕНО ПРОИЗВОДСТВОТО НА „МОСКВИЧ“, ПРОДАЖБАТА ПОЧНУВА ВО ЈАНУАРИ

Москва, (Ројтерс)

По две децении пауза, Русија денеска го обнови производството на брендот „Москвич“ во бившата фабрика на „Рено“ близу Москва. Француската компанија во мај го продаде мнозинството акции во „Автоваз“ на руската држава за една рубља, а за иста цена ја продаде и својата фабрика.

Планирано е оваа година да се произведат само 600 автомобили, од кои 200 ќе бидат електрични, а крајната цел се 100.000 „москвичи“ годишно. Колку за споредба, „Тесла“ произведува 22.000 возила неделно во својата фабрика во Шангај.

„Првиот обновен ‘москвич‘ ќе излезе од фабриката во декември 2022“, објавија од компанијата.

Новиот „москвич“ ќе има мала измена, бидејќи ќе се базира врз платформата на кинескиот производител „ЈАЦ“. „Москвич 3“ е опишан како урбан кросовер со бензински мотор, а продажбата ќе почне во јануари 2023.

(Фото: Спутник)