АНЃУШЕВ СУДЕШЕ НА ФУДБАЛ ПОМЕЃУ ДИРЕКТОРИТЕ НА ЕЛЕМ И РАБОТНИЦИТЕ

Струга,(СМАРТ СДК.МК)

Директорите  на акционерското друштво „Електрани на Македонија“(ЕЛЕМ) на пенали ги победија работниците во фудбалски натпревар на Синдикалните работнички игри кои се оддржуваат во автокампот „Ливадишта“, во Струга. Резултатот во регуларниот дел беше израмнет 2:2.

Викендов во автокампот „Ливадишта“ се оддржуваат Синдикални спортски игри на ЕЛЕМ. (Фото: СДК.МК)

Судија на натпреварот беше вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Вицепремиерот изјави дека лично навивал за работниците, но правично ја делел правдата, немало протекции. Во изведувањето пенали, повеќе среќа имале менаџерите на ЕЛЕМ.

Викендов во автокампот „Ливадишта“ се одржуваат Синдикални спортски игри на ЕЛЕМ. Вработените покрај фудбал, се натпреваруват и во кошарка, пинг-понг, фрлање ѓуле, влечење јаже и други дисциплини.

Г. ТРПЕНОСКИ