„ФОКС“ ЌЕ СНИМА ФИЛМ ПО НЕОДАМНА ОТКРИЕНА БАЈКА ОД МАРК ТВЕН

Лос Анџелес, (Дедлајн)

„Фокс фемили“ ги откупи правата за адаптација на неодамна откриената приказна за деца која почнал да ја пишува Марк Твен, а ја довршиле Филип и Ерин Стид, „Крадењето на принцот Олеомаргарин“.

Твен ја измислил бајката во 1879 година, во хотелска соба во Париз за да ги забавува своите ќерки.
Главниот лик е Џони, сиромашно момче кој од една жена добива магично семе. Тоа ќе му овозможи да разговара со животните и со нiвна помош да го спаси принцот од кралот тиранин. Брачната двојка Стид ја довршиле приказната врз основа на белешките на Твен, кои биле пронајдени во неговата архива на Универзитетот во Беркли.