Немаше автомобили на улиците на Париз и Брисел вчера и градоначалниците на двете метрополи ги повикаа и останатите европски држави да го следат примерот и да организираат свој ден без моторни возила.
Во заедничкото соопштение, Ан Идалго (Париз) и Филип Клоз (Белгија) истакнаа дека е крајно време да се преземе нешто против климатските промени и аерозагадувањето.
Брисел на еден ден го трансформираше булеварот Ватерло во зона за пикник, а плоштадот Пулаерт во подиум за танцување. Градот, исто така, постави патеки за скејтбординг за деца, а беа организирани и настани за екстремни спортови.
И Париз организираше пикници, отворени пазари и паради. Велосипедисти ги окупираа главните сообраќајници во градот, а Плас де ла Конкорд, еден од најфреквентните делови на Париз, беше домаќин на пикник.