ЏАСТИН БИБЕР Ѝ ЗАПЕА НА СОПРУГАТА ПРЕД БАКИНГАМСКАТА ПАЛАТА ВО ЛОНДОН

Лондон, (Би-Би-Си)

Џастин Бибер ги изненади фановите откако отпеа неколку песни за својата сопруга Хејли Болдвин пред Бакингамската палата во Лондон.

Канадската поп ѕвезда отсвире две песни на акустична гитара, додека Болдвин го гледаше и снимаше застаната меѓу фановите.

Популарната двојка е во Лондон, кадешто Болдвин учествува во тамошната модна недела.

Ова уследи откако минатата недела се проширија шпекулации дека Бибер и Болдвин тајно се венчале во Њујорк, два месеци по свршувачката на Бахами.

Топ-моделот го демантираше ова на Твитер, но веста потоа беше потврдена од нејзиниот чичко, холивудскиот актер Алек Болдвин.

Да, тие се венчаа“, кажа Болдвин пред доделувањето на наградите Еми.