„ПЕЖО“ ГО ВРАЌА ЛЕГЕНДАРНОТО КУПЕ „504“ ВО ЕЛЕКТРИЧНА ВЕРЗИЈА

Париз, (Мотор1)

„Пежо“ го враќа во живот своето легендарно купе „504“ и ќе го прилагоди на модерните времиња, така што ќе го направи електричен автомобил.

Името на концептот е „е-леџенд“ и ретко кој производител, барем во Европа, има понудено спортски автомобил со така сериозен електричен погон и, згора на тоа, со ретро изглед.

„Пежо“ го претстави „504“ во 1968 година

„Е-леџенд“ не е само привлечен на изглед, туку нуди и големо возбудување во возење. Тој е опремен со мотор од 456 коњски сили, има погон на сите четири тркала и достигнува 100 километри на час за нешто помалку од четири секунди. Максималната брзина му е 220 км/час, а сетот батерии, кои се полнат за само 25 минути, трае до 600 километри.

Освен што е целосно електричен, тој содржи и напреден систем на автономно возење.

Неговото деби се очекува на Мотор шоуто во Париз наредниот месец.

„Пежо“ го претстави „504“ во 1968 година и тој во различни форми опстана во некои држави до 2006 година.