Пред хотелот „Парк“ зад арената „Филип Втори“ поставена е станица за полнење на електрични автомобили.
Еврокомесарката за транспорт Виолета Булц, која во хотелот пристигна со електичен автомобил беше првата која го употреби новиот полнач.
Со оваа инвестиција хотелот, се приклучува на платформата „Едисон“ која има за цел да го претвори регионот во лабораторија на идната зелена мобилност.
“Сакаме да ја поттикнеме и индустријата да се вклучи во овие трендови. Со проектот треба да се електрифицираат автопатишатата во регионот. Сакаме да ја поттикнеме и индустријата и производството да го искористи ‘Едисон’ за нови иновативни решенија и зелен коридор од Љубљана до Скопје, Приштина и Тирана во должина од 1.400 километри“, изјави Изток Селјак, координатор на проектот.