Два роботи на Јапонската вселенска агенција се спуштија на астероид во движење, за да почнат истражување кое треба да фрли нова светлина врз настанувањето на сончевиот систем. Ова е првпат во историјата роботи да се спуштат на површина на астероид.
„Двата роботи работат нормално и почнаа да ја испитуваат површината на Рјугу“, соопшти Јапонската вселенска агенција.
Тие ќе ја искористат гравитацијата на астероидот за да скокаат наоколу по неговата површина, при што ќе се задржуваат во воздух до 15 минути.
„Многу сум горд што востановивме нов метод на истражување на мали вселенски тела“, кажа водителот на проектот, Јуичи Цуда.
Откако ќе направат кратер на Рјугу, роботите од него ќе собираат свеж материјал, што цел милениум не бил изложен на ветер и радијација, со надеж дека ќе даде одговори на некои од основните прашања за животот и универзумот.
Мисијата Хајабуса 2 беше лансирана во 2014 година и со собраните примероци ќе се врати на Земјата во 2020.