ЛАМБОРГИНИ МАСА ОД 35.000 ДОЛАРИ

Варшава, (Карскупс)

Маси обликувани според автомобили не се нова работа и не се прават од вистински автомобили.

Но, што ако посакате вашата маса да биде реплика на „ламборгини авентадор“?

Решение за ова има полската компанија „Епицентрум“, која прави мебел базиран на дизајнот на овој спортски суперавтомобил.

Масата широка 1,9 и длабока 1,6 метри е рачно направена од фиберглас и нејзината работна површина е отпорна на механички оштетувања. Ќе бидат направени само 44 примероци и ќе се нуди во 200 различни бои, а доаѓа и со ЛЕД-осветлување.

И за крај, цената. Од компанијата велат дека масата чини 35.000 долари, што е доста поскапо од просечен автомобил, но, сепак, десет пати поевтино од нејзината инспирација „авентадор“.