ЕЈЧ-БИ-О НАЈАВИ ТУРИСТИЧКА ТУРА „АТРАКЦИИТЕ НА ИГРА НА ТРОНОВИ“

Белфаст, (Вараети)

Најголемата светска ТВ-мрежа Ејч-Би-О објави дека планира од неколку локации од снимањето на „Игра на тронови“ во Северна Ирска да направи туристички атракции.

Мрежата планира во турата да ги вклучи добро познатите локации, како Винтерфел, Црниот замок и Кингс лендинг, како и формална студио тура, на која ќе се прикажат материјали од серијата, која ги руши рекордите во сите сезони.

На секоја локација ќе има изложба на костими, оружја, мечови и декорации (Фото: Ејч-Би-О)

Ејч-Би-О ќе стартува со „Атракциите на Игра на тронови“ во 2019 година, откако ќе биде емитувана последната сезона.

„Оваа тура низ Северна Ирска ќе биде поголема од сѐ што јавноста видела досега’, соопшти ТВ-мрежата.

На секоја локација ќе има изложба на костими, оружја, мечови, декорации, документи, модели и на друг продукциски материјал.