ТАРОН ЕЏЕРТОН ГО ПОКАЖА ИЗГЛЕДОТ НА ЕЛТОН ЏОН ОД НОВИОТ БИОГРАФСКИ ФИЛМ

Лондон, (Би-Би-Си)

Студиото „Парамаунт“ ја објави првата фотографија од Тарон Еџертон во улогата на Елтон Џон.

Велшкиот актер ја игра насловната улога во „Човек ракета“, биографскиот филм за еден од најуспешните пејачи на сите времиња и тој целосно го долови неговиот глем изглед од почетоците на кариерата.

„Човек ракета“ зборува за раните години на Џон во музичкиот бизнис, неговите проблеми со дрога и за пробивот на меѓународната сцена. Премиерата на филмот е закажана за 31 мај наредната година.

Режисер на филмот е Декстер Флечер, кој со Еџертон соработуваше на уште еден биографски филм, за најлошиот ски скокач на сите времиња, Еди Едвардс. Во други главни улоги се Џејми Бел, Џема Џонс, Брајс Далас Хауард и Ричард Маден.