ИМЕТО НА КИМ КАРДАШИЈАН ВЛЕЧЕ НАЈМНОГУ ВИРУСИ НА ИНТЕРНЕТ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Бидете внимателни ако пребарувате за Ким Кардашијан на интернет.

Компанијата за сајбер безбедност „Мекафи“ ја прогласи Кардашијан за најопасната славна личност за пребарување за 2018 година и тоа, се разбира, не е нејзина вина.

Според компанијата, нејзиното име е поврзано со најголем број потенцијално заразени сајтови.

Минатата година, на врвот на оваа листа се најде пејачот Крег Дејвид.

На второто место сега е супермоделот Наоми Кембел, па следуваат Кортни Кардашијан, Адел и водителката на реалното шоу „Љубовен остров“, Керолајн Флик.

Од „Мекафи“ велат дека сајбер криминалците често користат славни личности за да ги наведат корисниците да кликнат на линкови што водат кон заразени сајтови. Тоа потоа се користи за инсталирање вируси или за крадење лични информации и лозинки.

„Живееме во брз свет кој е под силно влијание на поп културата и социјалните мрежи. Благодарение на популарноста на Ким Кардашијан, луѓето се подготвени да одат во екстреми за да бидат барем малку како неа“, изјави главниот научник на „Мекафи“, Раџ Самани.