„ФОРБС“ И ОФИЦИЈАЛНО ЈА ПРОГЛАСИ КИМ КАРДАШИЈАН ЗА МИЛИЈАРДЕРКА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Ким Кардашијан-Вест и официјално се придружи на клубот на милијардери, објави магазинот „Форбс“. Нејзиното богатство достигнало до една милијарда долари благодарение на козметичките и модните бизниси, како и на приходите од телевизија, рекламни договори и инвестиции.

Таа сега е една од 2.775 личности на листата на милијардери на „Форбс“, на чие чело се наоѓа Џеф Безос со 177 милијарди долари.

Канје Вест, од кого Кардашијан е во фаза на развод, веќе се наоѓа на оваа листа со проценето богатство од 1,8 милијарди долари, но ја нема нејзината полусестра Кајли Џенер. Таа беше отстранета во мај, кога магазинот го обвини семејството дека ја надувало вредноста на нејзиниот козметички бизнис.