„ВЕНОМ“ СО ТОМ ХАРДИ ОД ЧЕТВРТОК ВО СКОПСКИТЕ КИНА

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Новиот филм со британскиот актер Том Харди, „Веном“, работен според стрип на Марвел, синоќа имаше светска премиера во Лос Анџелес, а од четврток ќе игра и во скопските кина Синеплекс и Милениум.

Харди има две улоги, антихеројот вонземјанин Веном и Еди Брок, неговото најпознато тело-домаќин. Веном е еден од најголемите непријатели на Спајдермен, но тој не се појавува во филмот.

Режисер е Рубин Флајшер, а во филмот играат и Мишел Вилијамс, Риз Ахмед и Вуди Харелсон.

„Мојот син е огромен фан на Веном и тоа беше причината што избрав да го играм ликот. Сакав да снимам нешто што тој ќе го гледа. Затоа снимив филм во кој одгризувам глави на луѓе“, вели Харди.