„Шанел“ направи егзотична плажа за ревијата на Париската модна недела. Моделите одеа боси по песокот,  носејќи ги препознатливите палта од твид и шапки.

Модната куќа, позната по екстравагантните ревии, направи плажа во изложбениот центар на Големата палата. Меѓу славните гости, во првите редови беа пејачот Фарел Филијамс и актерката Памела Андерсон.

Манекенките ја претставија колекцијата пролет/лето 2019 (Фото: Ројтерс)

Дизајнерот на „Шанел“, Карл Лагерфелд, на крајот од ревијата ги поздрави гостите од една куќарка на плажата.

Париската модна недела завршува денеска.