Шведската инди-рок група „Мандо Диао“, на 8 декември ќе настапи на главната фестивалска вечер на јубилејното 20. издание на фестивалот Таксират во Скопје, во ВИП Арената „Борис Трајковски“, соопшти „Пасворд продукција“
„Мандо Диао“ почнаа да творат во 1999-та година, и за 19 години постоење снимија 8 студиски албуми.
„ Уште со првото нивно издание во 2002 година ја освоија сцената во земјата од која потекнуваа,т а чија музичка репутација е неспоредлива, но секој следен албум значително им ја зголемуваше популарноста и на интернационалната сцена. Нивниот стил оформен со гаражен рок/поп/инди звук и извонредната енергија на настапите во живо беа многу бргу препознаени, па набргу светската критика и фановите ширум светот се согласија дека Мандо Диао е еден од најдобрите бендови на современата рок сцена“, вели организаторот.
Со голема популарност и на балканските простори се стекнаа по излегувањето на албумот „Дај ми оган“ во 2009 година и хитовите кои бројат десетици милиони прегледувања на Јутјуб.
Првите влезници за главната вечер на Таксират ќе чинат 500 денари и ќе се продаваат во ограничен број. Продажбата ќе започне в понеделник, на 8. октомври, онлајн и на сите благајни во продажната мрежа на МкТикетс.