„ТЕСЛАКИЛА“ – ИЛОН МАСК ЌЕ ПРАВИ ТЕКИЛА ШТО ПРОИЗЛЕЗЕ ОД ПРВОАПРИЛСКА ШЕГА

Сан Франциско, (Ју-Ес-Еј тудеј)

Она што почна како првоаприлска шега би можело да се претвори во нов бизнис за Илон Маск, судејќи според неговите последни твитови. Тој навести дека наскоро би можел да почне да произведува текила под брендот „Тесла“.

Маск поднесол барање за регистрирање на името „теслакила“, опишувајќи го производот како „алкохолен пијалок на база на дестилирана агава“, што е растение од кое се прави текила.

Секогаш отворен за нови предизвици, Маск првпат го употреби ова име во еден твит од 1 април годинава, кога се пошегува дека компанијата „Тесла“ банкротирала, па тој се онесвестил од премногу „теслакила“.

Маск веќе има подготвено и етикета за неговиот прв алкохолен пијалок, иако сè уште нема гаранции дека тој ќе се појави на пазарот.