СТОПИРАНО СНИМАЊЕТО НА НОВИОТ ФИЛМ НА ТОМ ХЕНКС ОТКАКО ЗАГИНА ЧЛЕН НА ЕКИПАТА

Питсбург, (Индипендент)

Снимањето на новиот филм со Том Хенкс, „Господин Роџерс“, е стопирано поради трагичната смрт на миксерот на звук Џим Емсвилер на 11 октомври.

Шеесет и едногодишниот Емсвилер, кој има добиено награда Еми, почина по пад од балкон додека бил на сетот. Тој загинал кога излегол на цигара и полицијата потврди дека починал во болница во Питсбург, откако бил донесен во тешка состојба.

„Студиото го истражува несреќниот случај. Ова е ужасна трагедија“, соопшти „Сони“.

Според АП, снимањето е запрено поради истрагата на властите.

Хенкс во биографскиот филм го игра познатиот американски музичар и продуцент Фред Роџерс. Премиерата треба да биде во Велика Британија на 1 ноември 2019 година.