Два сателити развиени во Европа и Јапонија тргнаа на пат за Меркур, најблиската планета до Сонцето.
Заедничката мисија наречена БепиКоломбо ја напушти Земјата на ракета од типот Аријане, што беше лансирана од Јужна Америка и ќе ѝ требаат седум години за да стигне до својата дестинација.
Кога сателитите ќе пристигнат, научниците се надеваат дека нивните паралелни набљудувања, конечно, ќе решат многу загатки за овој мал жежок свет. Едно од главните прашања се однесува на железното јадро, кое зафаќа 60% од масата на Меркур. Научниците никако не можат да објаснат зошто планетата има така тенок слој од карпи.
„Меркур не се вклопува во нашите теории за настанувањето на сончевиот систем и нема да можеме целосно да ја разбереме нашата планета ако не сме во можност да го разбереме Меркур“, вели научникот од проектот Дејв Ротери.
Американците беа првите кои испратија мисија кон Меркур, што се случи во 70-ите години.